дома Свет Ќе биде соборен секој авион на НАТО кој ќе влета во рускиот...

Ќе биде соборен секој авион на НАТО кој ќе влета во рускиот воздушен простор на Крим

Секој авион на НАТО пактот кој на “повик” на Украина влетува во рускиот воздушен простор на Крим ќе биде соборен, рекол израелскиот политиколог и поранешен разузнавач Јаков Кедми, пишува “Riafan”.

Изјавата на израелско-рускиот политиколог доаѓа непосредно по најавата на украинскиот министер за инфраструктура, Владимир Криклиј, кој изнел предлог воздушниот простор над Крим да се користи за изведување на НАТО маневри и надгледување на руските граници.

Кедми во интервјуто за “Economy Today” зборувал за тоа што ја чека воздухопловната алијанса ако Брисел го послуша предлогот на Киев.

“Еден идиот во Украина кажа: Зошто авиони на НАТО не го надлетуваат Крим и Симферопољ. Тоа е украинска територија. Одете и обидете се. Ќе биде соборен секој НАТО авион кој ќе влета во воздушниот простор на Крим”, рекол израелскиот експерт.