дома Македонија ЌЕ ГИ БРАНИМЕ ГЛАСАЧИТЕ ОД НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА: Шефот на ДИК ќе ги...

ЌЕ ГИ БРАНИМЕ ГЛАСАЧИТЕ ОД НАДВОРЕШНИ ВЛИЈАНИЈА: Шефот на ДИК ќе ги брани гласачите од референдумската кампања на странските претставници

ДИК ќе реагира по барањето на СМК за исклучување на странските дипломатски претставници, како физички така и правни лица во референдумот и референдумската кампања, но се уште нема дефинирано дали кампањата на Канцеларијата на ЕУ во Скопје е директно вмешана во пропагирање на одговор за претстојниот референдум, изјави за Инфомакс претседателот на ДИК Оливер Дерковски

 

Има механизми со кои што ДИК ќе се брани, и последниов месец успеваме да се одбраниме од сите обиди за притисоци врз државната изборна комисија изјави Дерковски, додавајќи дека притисоците се пред се политички, и доаѓаат и од двете страни и лево и десно.

Тој одби да коментира за кампањата која ја води Канцеларијата на ЕУ „Замисли иднина“, објаснувајќи дека тоа понатаму ќе се утврдува, а доколку има било какво влијание врз гласачите да се реагира веднаш.

Професорката Гордана Силјановска Давкова пак во своето гостување во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека учеството на Европската комисија која веќе официјално е дел од кампањата за референдумот, е спротивно на македонските закони.

-Изборниот законик врз основа на кој се води кампањата за референдумот забранува финансирање на изборна кампања од странски извори, вели таа.

Според Силјановска владата на СДСМ прави срамна инверзија кога тврди дека храбри политичари треба да преземат одговорност и сами да носат одлуки во име на граѓаните, наместо да се потпира на мислењето на граѓаните.

Професорката забележува дека тоа е спротивно на европските трендови на непосредна демократија каде политичарите користат поблизок контакт со граѓаните и повисоко ниво на непосредна демократија.