дома Македонија ЌЕ ГО МЕНУВА ЛИ ЗАЕВ, ХАЗБИ ЛИКА: Вицепремиерот за рамковен договор, со...

ЌЕ ГО МЕНУВА ЛИ ЗАЕВ, ХАЗБИ ЛИКА: Вицепремиерот за рамковен договор, со месеци не дошол на работа

Во владата не се размислува за реконструкција при вакви, како што вели премиерот Зоран Заев, сериозни парламентарни процеси, но тоа не ја исклучува веројатноста да има смена на министри.

– Ако некој министер не доаѓа во Владата, логично е дека треба Владата да седне, да размисли, тоа да се промени. Тоа е редот на работите. Секако разговараме со коалициските партнери, кои споделиле одговорност со нас и во делот на другите ресори – рече Заев.

Вицепремиерот Хазби Лика е еден од владините функционери кои со месеци немаат дојдено на работа.