дома Македонија ЌЕ ГО СОВЕТУВА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА: Заев му го продолжи договорот на...

ЌЕ ГО СОВЕТУВА УШТЕ ЕДНА ГОДИНА: Заев му го продолжи договорот на Башановиќ

Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, објави БИРН, повикувајќи се на потврда од владината прес-служба.

Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Месечниот надоместок на Башановиќ е од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200.