дома Политика Ќе има ли виткање кичма?: Бугарите лути на Заев за честитката за...

Ќе има ли виткање кичма?: Бугарите лути на Заев за честитката за Света Сава

Честитката на Денот на Свети Сава на Србите во Македонија од премиерот Зоран Заев наиде на жолчни критики во Бугарија.

„Не познавам ниту еден друг премиер што би им честитал на окупаторите и на колонизаторите на сопствената држава. Дури и површен преглед на историските извори и на времето непосредно пред и по 1903 година на географското подрачје на Вардарска Македонија, современа Република Северна Македонија, јасно ги покажува улогата и односот на Србите кон локалното, главно бугарско население што живеело таму“, напиша на Фејсбук европратеникот Ангел Џамбаски.

„Денес најголемите непријатели на Бугарите во Македонија, на добрите односи меѓу двата клона на единствениот братски бугарски народ одново се остатоците од српските колонизатори. Тие се вклучени во политиката, универзитетите и медиумите. Тие диригираат со антибугарската кампања. Заев денес им честита. Со Свети Сава. Празникот на шајкачата“, додава потпретседателот на ВМРО-БНД на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов.