дома Македонија ЌЕ КУПУВАЛЕ „ЛИМУЗИНА“: На кого му е потребна „лимузина“ во Агенцијата за...

ЌЕ КУПУВАЛЕ „ЛИМУЗИНА“: На кого му е потребна „лимузина“ во Агенцијата за стокови резерви?

Агенцијата за стоковни резерви распиша оглас за набавка на патнички автомобил (лимузина). Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.694.915 денари, што значи околу 27.500 евра за службено возило.

Ова е вторпат оваа агенција да се најде на листата за јавни набавки, но првиот оглас во декември беше повлечен. Сумата е идентична, а критериумот за прифаќање на понуда е најниската цена.

Директорот на агенцијата за „ТВ 24“ вели дека се е регуларно и ги отфрла обвинувањата дека го повлекол огласот поради притисок од медиумите.

Претходниот оглас беше повлечен поради тоа што имаше само еден понудувач со цена повисока од реалната. Огласот е објавен според годишната програма на Агенцијата со средства одобрени од Влада на РМ. Ако повторно нема реална понуда, повторно ќе биде повлечен. Шпекулации се тврдењата дека го повлековме огласот поради медиумски притисок – изјави Реси Абдурахмани.