дома Актуелно ЌЕ „ЛЕТААТ ГЛАВИ“ ВО ВЛАДА: Хазби Лика добива црвен картон, на негово...

ЌЕ „ЛЕТААТ ГЛАВИ“ ВО ВЛАДА: Хазби Лика добива црвен картон, на негово место Муса Џафери – ќе „лета“ и Филипче заедно со Горан Сугаревски!

Според релевантни информации од извор близок до раководството на ДУИ и близок пријател на Али Ахмети, порталот на албански јазик „Фол“ пренесува дека идната недела во владата ќе дојде до мини-реконструкција, особено во делот на министрите на ДУИ

„Муса Џафери ќе се врати со значително посилна улога од онаа што ја имаше како заменик-министер во министерството за одбрана, а исто така се очекуваат промени и во министерството за Економија поради незадоволство од работата на министерот Бектешки кој е познат како близок човек на Хазби Лика и Фатмир Дехари, структура која долго време е во ‘војна’ со групата на Муса Џафери“ – пренесува порталот на албански јазик Фол.

Според истиот извори, пишуваат од „Фол“, најверојатно ќе дојде и до промена во кадарот во Министерството за здравство и министерството за транспорт и врски, но ова нема да се смета за „реконструкција“ на влада, бидејќи министрите ќе поднесат оставки.