дома Политика ЌЕ ЛИЖАТ ОНАМУ КАДЕ ШТО ПЛУКАЛЕ: СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА и Села...

ЌЕ ЛИЖАТ ОНАМУ КАДЕ ШТО ПЛУКАЛЕ: СДСМ, ДУИ, ДПА, БЕСА и Села ќе треба да ги проголтаат сите меѓусебни навреди и да ги погазат сите принципи за да обезбедат мнозинство!

СДСМ, ДУИ, БЕСА и Зијадин Села изминатиов период жестоко се напаѓаа и навредуваа, но сега се во состојба да проголтаат се’ што кажале и да ги погазат сите принципи со цел да формираат парламентарно мнозинство и составување на Владата. Зоран Заев очигледно нема никакви принципи кога станува збор за доаѓање на власт.

ВМРО- ДПМНЕ не успеа во рок од 20 дена да се договори со ДУИ, а според пишувањата на денешен „Дневник“, најголем дел од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеал поради тоа што партијата предводена од Никола Груевски не отстапувала од ветеното за време на кампањата – дека нема да дозволи двојазичност на целата територија по цена на задирање во Уставот на Република Македонија. Двојазичноста, е и еден од клучните проблеми поради кои преговорите пропаднале.

-Според наши извори, на тоа се потрошени 95 проценти од времето во рок од 20 дена за преговори. Партијата на Али Ахмети предложила и инсистирала да се донесе законско решение со кое ќе се обезбеди двојазичност на целата територија, на што ВМРО-ДПМНЕ реплицирала дека нема тоа да го исполни образложувајќи кои се нејзините принципи поради кои нема да отстапи од конечната одлука. Дотолку повеќе што тоа е ветување што Зоран Заев и СДСМ им го дадоа на албанскиот електорат, односно беше отворено како прашање уште пред почетокот на кампањата кога Заев беше во посета на Швајцарија, објави Дневник.

СДСМ, ДУИ, ДПА БЕСА и Села, кои изминатиов период меѓусебно се навредуваа и напаѓаа, сега ќе треба да ги проголтаат сите меѓусебни навреди и да ги погазат сите принципи за да обезбедат мнозинство. Лидерот на СДСМ Зоран Заев ги навредуваше ДУИ дека се дел од тендерската коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а сега ги моли да влезат во коалиција со него.

-Отворивме две бомби од триесет и четирити, 37-те колку беа, за ДУИ без специјално двете и еве јавно кажувам, корумпиран е и делот на ДУИ и бегање од тоа нема. Заедно со ВМРО-ДПМНЕ делеле пари сопственост на Република Македонија и на граѓаните. За пусти пари е ова забегано општество не за нешто друго, секако моќта заради пари и нема дилеми тука, вели Заев во интервјуто за Нова ТВ.

И додека претходно за Заев ДУИ беше корумпирана, според високи партиски извори на Дневник од СДСМ раководството на СДСМ е подготвено да ги прифати сите точки од заедничката платформа на албанските партии и веднаш да направи министерски состав.

Кога станува збор за релацијата ДПА- СДСМ, односно Тачи- Заев, јавноста памети низа навреди и лични дисквалификации. Лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој ја обелодени аферата со смс-пораките кои му ги праќал Зоран Заев со цел да ја собори владата на Никола Груевски, рече дека дека ако кажел сѐ, Заев ќе имал проблеми со семејството.

https://www.youtube.com/watch?v=YqipnqL8d6g

Движењето БЕСА, вчера ги обвини ДУИ и Али Ахмети дека немаат морален и политички капацитет да донесат било каква одлука.

– Недостатокот на одлука од страна на оваа партија зборува и за недостатокот на политички капацитет на овој субјект за да донесе било какви одлуки, оваа како резултат на моралната и политичката криза на оваа партија, се вели во наапдот на БЕСА кон ДУИ.

https://www.youtube.com/watch?v=lwju2JBF_s0

Од друга страна, лидерот на ДР- ДПА Зијадин Села во предизборието отворено ги напаѓаче Али Ахмети и Мендух Тачи.

-Изборите во декември ќе бидат добра можност за Албанците, бидејќи од политичката сцена ќе ги остранат Али Ахмети и Мендух Тачи, изјави за ТВ АлсатМ претседателот на движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села.

После вакви низа навреди од лидерите кои сега се обидуваат да состават некакво парламентарно мноизнство, прашањето кое се поставува во јавноста е дали во ваква ситуација изборите не се единствениот излез од новонастанатата ситуација.