дома Македонија ЌЕ НЕ БИДЕЛО: Заев задоволен од сработеното

ЌЕ НЕ БИДЕЛО: Заев задоволен од сработеното

Со видео на својот „Фејсбук“ профил, Зоран Заев вечерва објави дека изминатата годнина ја завршиле со 5.6% покачување на месечната плата и дека многу скоро ќе станеме дел од НАТО. На крајот статусот го заврши со реченицата „Ќе не биде!“.

Изминатава година ја завршивме со 5,6% покачување на просечната плата. Тргна работата. Многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава, со стабилизирана економија. Овие факти, како и посветената економска политика, за година и пол донесе 17 нови странски инвестиции, кои во финалната фаза ќе вработуваат повеќе од 4.000 луѓе. Ќе нѐ биде!, напиша Заев.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, пак велат дека со криминалниот картел на власт во континуитет се зголемува сиромаштијата во Република Македонија.

Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата додека функционерите од власта секојдневно се богатат со нови грантови и тендери, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.