дома Свет „Ќе ни биде чест“: Европските престолнини се „иcтeпаа“ кој да биде домаќин...

„Ќе ни биде чест“: Европските престолнини се „иcтeпаа“ кој да биде домаќин на историската средба на Путин и Бајден

Прага, Австрија, Финска и Исланд изразија подготвеност да бидат домаќини на самитот на претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден.

„Реагирав на изјавата на претседателот Бајден, кој предложи да се одржи состанок со претседателот Путин на територијата на трета земја. Им наредив на нашите амбасадори во Вашингтон и Москва да ја предложат Прага како потенцијално место за средби каде што веќе е одржан самитот Обама-Медведев“, напиша на Твитер чешкиот министер за надворешни работи Јан Гамачек.

Претходно, Австрија, Финска и Исланд исто така понудија подготвеност да организираат самит на лидерите на двете светски сили.

Прес-службата на Минхенската безбедносна конференција исто така објави дека ќе смета дека е чест да се преземе организацијата на разговорите меѓу Москва и Вашингтон.

Да потсетиме, американскиот претседател eо Бајден го повика рускиот лидер Владимир Путин и му предложи да одржи состанок во трета земја во наредните месеци. Портпаролката на Белата куќа, Псаки изјави дека е рано да се каже каде ќе се одржи самитот, но таа претпоставува дека ќе биде на лето.
Предвидената средба помеѓу двајцата лидери беше наречена историска средба.