дома Македонија ЌЕ ОДМОРИМЕ: Веднаш после Нова година следува продолжен викенд

ЌЕ ОДМОРИМЕ: Веднаш после Нова година следува продолжен викенд

За граѓаните од православна вероисповед 6 јануари 2020 година (понеделник) ќе биде неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Одлуката е донесена според Законот за празниците на РМ, поради тоа што православните верници на овој ден го прославуваат Бадник, денот пред Божик.

Воедно, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.