дома Европа ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ ШПАНИЈА БЕЗ ВЛАДА: Мандатарот нема доволно пратеници за парламентарно...

ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ ШПАНИЈА БЕЗ ВЛАДА: Мандатарот нема доволно пратеници за парламентарно мнозинство

Шпанскиот крал Фелипе VI синоќа му го даде мандатот на лидерот на Социјалистичката партија Педро Санчес за да направи обид да формира било каква влада, иако тој се уште нема доволна поддршка од другите партии.

Социјалистичката партија освои најмногу гласови на изборите и има 120 од вкупно 350 места во парламентот.

Санчес сега преговара со pивaлските партии за евентуално да ја добие нивната поддршка.

Тој веќе има договор со левичарите од партијата Обединети која има 35 пратеници, но тоа не му е доволно за парламентарно мнозинство.

Шпанија за четири години имаше четири изборни циклуси, а ако ниту една партија не успее да формира влада, новите избори можат да се оддржат веќе следната пролет, навдуваат американските медиуми.