Ќе плаќаме ли милионски оштети поради хирот на власта и Лиле Стефанова во случајот „Плацеви на Водно“?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката Лиле Стефанова го оштетила државниот буџет за најмалку 150.000 евра во случајот „Плацеви на Водно“, доколку се докаже дека иако знаела дека нема докази за сомнение, подигнала обвинителен акт. Стефанова знаела дека ниту едно од обвинетите лица ја нема исполнето ниту предикативноста на кривично-правното дејствие, уште помалку потврда за некакво основано сомнение, бидејќи, ниту еден од обвинетите некогаш имал врска со фирмата купувач на фамозното земјиште на Водно.

Ниту еден правен или физички субјект од Македонија, никогаш не вршел уплати на сметката на фирмата сопственик на фамозните плацеви на Водно. Под ниту една, се подразбира дека ниту еден од обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ нема никаква поврзаност со обвинителниот акт. Скандалозноста на обвинението доаѓа од потребата на Лиле Стефанова, која пак, иако знаела дека ниту Никола Груевски, Ристо Новачевски, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ или Ратка Камчева никако не се поврзани со купопродажбата на плацевите да подигне обвинение против нив. Обвинение поради кое двајца веќе 10 месеци се држат во притвор, иако со секое наредно рочиште се подетално се докажува невмешаноста на овие лица во предметот.

Вештачењето на Киро Костов, инаку еден од најеминентните економско-финанскиски аналитичари во земјава, уште толку ја зацврсти позицијата на одбраната на обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ кој во детали објасни какви биле деловните текови на компанијата „Сирах Лимитед ЛТД“ од Белизе со сметка во Никозија, Кипар и македонската подружница на оваа компанија „Сирах Инженеринг“ од Скопје.

Ниту еден од гореспоменатите лица, никогаш немал деловен однос со овие компании, а на сметката на овие фирми никогаш не се забележани било какви уплати или исплати од Никола Груевски, за кој Стефанова во обвинителниот акт тврди дека дал пари во готово, откако претходно ги извадил од партиската каса во која се собирале донации од членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Од доставените изводи на вештачење, врз основа на кој е извршена анализа на уплатите и исплатите на сметката на „Сирах Лимитед“ во банка во Никозија, не констатирав уплата од физичко лице, односно од лицето Никола Груевски на сметката. Исто така, од доставената документација не констатирав уплата од правен субјект резидент на Р.Македонија, рече вештакот Киро Костов на вчерашното рочиште за „Плацеви на Водно“.

Понатаму тој објаснува дека сите уплати кон оваа компанија од Белизе биле со странски фирми од целиот свет, и ниту една од Македонија. Што се однесува пак на исплатите, фирмата од Белизе исплатила 1.1 милион евра на својата подружница во Македонија, и тоа по формирање на фирмата со цел купување на плацевите на Водно.

Овие трансакции сепак, биле дел од строга меѓународна контрола, а сите биле со законски основ.

– Сакам да појаснам дека при вршење на меѓународен платен промет постои унифицирано правило кај деловните банки дека во прилог на налогот за уплата секогаш се доставува до банката документ за основот врз основа на кој се врши уплатата, односно за кој се однесува уплатата. Истото ова правило важи и за банките во Македонија при плаќање во странство, а за кое постои уптаство за вршење на работите во платниот промет со странство, донесено од гувернерот на НБРМ, појаснува вештакот Костов.

Дотолку повеќе, сите уплати кои ги примила оваа компанија од Белизе, „Сирах Лимитед“, во периодот кога ги продала плацевите, биле преку т.н. кореспонденски банки кои ја гарантираат легалноста на парите и нивното потекло.

– Платниот промет со странство се извршува задолжително преку кореспонденска банка по правила – банка отворена во земја членка на ЕУ со дозвола од Централната Европска Банка. Секоја (домашна) деловна банка која има дозвола за работа со платен промет од Р.Македонија склучува договор со една или повеќе кореспонденски банки од земја членка на ЕУ која посредува и гарант во извршувањето на платниот промет, појаснува Костов.

Во периодот кога овие плацеви биле купени од страна на компаниите на Камчев, сите трансакции биле вршени преку престижни европски банки, односно, преку трите најголеми деловни банки во Европската Унија – „Дојче Банк“ од Германија , „Социете Женерал“ од Франција и „Банка Интеса“ од Италија.

– Сите трансакции кои ги направила „ОРКА ХОЛДИНГ“ кон овие фирми и обратно, биле реализирани од овие три банки без задршка, што во банкрска терминологија значи дека немало никаков проблем при вршењето на контрола на потеклото на парите, прецизираше вештакот Киро Костов.

Забележително е дека и во вештачењето на економскиот вештак не се споменуваат имињата на обвинетите од обвинителниот акт на Лиле Стефанова. Скандалозен е и фактот што Стефанова се уште нема отворено истрага за нејзиниот сведок Александар Ивановски, познат како Алек Теранова, кој е купувач на ова државно земјиште.

Имено, Алек Теранова прв го откупил земјиштето од државата на јавна аукција на која учествувале само две македонски компани – „ИКТ Инженеринг“ и „Порта Инженеринг“. На аукцијата за едно од најатрактивните локации во земјава учествувале само овие две фирми, и имало само едно наддавање. Ако се прашувате како е тоа возможно, погодувате, двете фирми се на Алек Теранова. Поточно, едната е на неговата секретарка, исто така сведок на обвинителството во оваа фингирана постапка.

Оттука, не можам, а да не констатирам, и овој судски процес не е ништо повеќе од фарса. Политички прогон за потхранување на нечии суети, и задоволување на одмазничкиот апетит на владејачкото миље во заминување.

Ова задоволство, граѓаните до сега го платиле 150.000 евра во процес кој не смее да заврши поразлично од ослободителен. За тој трошок, одговорна е Лиле Стефанова, која иако морала да знае дека обвинетите не ги исполнуваат ниту основните услови да бидат осомничени, таа започнала судски процес.

Аферим…

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This