дома Европа „ЌЕ ПОВЕРУВАМ КОГА ЌЕ ВИДАМ“: Орбан не верува дека Меркел ќе се...

„ЌЕ ПОВЕРУВАМ КОГА ЌЕ ВИДАМ“: Орбан не верува дека Меркел ќе се повлече од политичката сцена!

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека ќе поверува во најавеното заминување на германската канцеларка Ангела Меркел од политиката само кога ќе го види тоа со сопствените очи.

Според него, доколку Меркел навистина се пензионира од политичката сцена, тоа во Европа ќе предизвика политички вакуум.

Реакцијата на Орбан дојде по најавата на Ангела Меркел дека по завршувањето на четвртиот по ред мандат како германски канцелар, нема намера да се кандидира за нова функција. Таа исто така ги негираше гласините дека има намера да се кандидира за висока функција во европските институции, додавајќи дека целосно ќе се повлече од политиката.