дома Европа Ќе се вработуваат само вакцинирани лица: Секој што сака да работи во...

Ќе се вработуваат само вакцинирани лица: Секој што сака да работи во Здружението на виенски болници, сега мора да се вакцинира пpoтив kopонавирус

Секој што сака да работи во Здружението на виенски болници, сега мора да се вакцинира против коронавирус.

Ова здружение, кое управува со осум виенски болници, вклучувајќи го и најголемиот, Клиничкиот центар АКХ, има 30.000 вработени.

До неодамна, обврската за вакцинирање важеше само за здравствените работници, а сега е проширена и за сите вработени.

Ова значи дека вработените во администрацијата, во одржувањето на опремата, како и хигиеничарите, мора да бидат вакцинирани.

„Сега ги вклучивме сите групи во обврската за вакцинација. Отсега натаму, сите нови вработени и оние кои дојдоа на пракса мора да бидат вакцинирани против одредени заразни болести, вклучително и„ ковид-19 ““, објави Здружението на виенски болници, пренесува Танјуг

Оваа обврска се објаснува со одговорноста што ја имаат вработените кон пациентите и колегите.

Во моментов, стапката на вакцинација во здравството во Австрија е околу 90 проценти.