дома Балкан ЌЕ СЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Косовското собрание се распушта на 22ри...

ЌЕ СЕ ОДИ НА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Косовското собрание се распушта на 22ри август

Претседателството на косовското Собрание денеска го одреди 22 август како датум за распуштање на Собранието на Косово, така што ќе се оди на вонредни избори, јавува Газета Експрес.

По состанокот на Претседателството, зборуваше лидерот на парламентарната група на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти.

– Се согласивме сите заедно дека земјата треба да оди на добро подготвени избори, сите институции да ги преземат должностите. Сите се согласивме за тоа на 22 август во 10.00 часот Собранието да се распушти, а потоа да се следат сите процедури според Уставот за да оди земјата на избори и исто така се согласивме пред распуштање да го усвоиме меѓународниот договор ИПА – рече тој.