Наместо одговори, отчетност и како што му стои во описот на работната позиција во владата „дигитална транспарентност“ советникот на Заев, Влатко Васиљ, одлучи да бега од легитимно поставени прашања, а во негово име неколку партиски ботови да се обидуваат да ја дефокусираат дискусијата во правец кој нема никаква поврзаност со настанот
Арогантната објава во стилот „си правиме што сакаме, ништо не ни можете“ на советникот за социјални медиуми и дигитална транспарентност на Заев во Владата на Р.Македонија, наместо одговори на легитимно поставени прашања, реши да молчи, а ситуацијата да ја „вади“ со помош на партиските ботови кои се обидуваа да дефокусираат од конкретните прашања.
„Да, ќе правиме парада. Има некој против?“ – напиша советникот на Заев за социјални медиуми и дигитална транспарентност на Твитер.
На ваквата констатација, нашата редакција му постави две прашања.
Ако може одговор на овие прашања:
Чии и кои права се прекршени, и ако има такви нели сте вие одговорни за заштита на било кои права? Не ли мислите дека е поприоритетно средствата да се потрошат на подобрување на условите за живот на, на пример, децата без родители?
Ако може одговор на овие прашања:
Чии и кои права се прекршени, и ако има такви нели сте вие одговорни за заштита на било кои права? Не ли мислите дека е поприоритетно средствата да се потрошат на подобрување на условите за живот на, на пример, децата без родители?— iNFOMAX.mk (@InfomaxMk) May 21, 2019
Но, наместо одговори, Васиљ одлучи да молчи, а наместо одговори беа активирани партиските ботови.
„Груевизмот, за жал, уште не е ретко заболување“ – напиша еден од ботовите.
Дефокусирањето од обврската за отчетност со името на екс-премиерот кој три години не е на власт е дегутантно и покажува неподготвеност да се одговори на конкретно прашање од јавен интерес. Го замолуваме уште еднаш г-дин @VlatkoVasilj да одговори…
— iNFOMAX.mk (@InfomaxMk) May 21, 2019
Она што дополнително импонира, е леснотијта со која Васиљ отворено признава дека позади т.н. Парада на гордоста стои токму владата на Р.Македонија.