дома Македонија ЌЕ СЛЕДИ ИТНА ИСТРАГА: Чулев најави иcтрага околу ckaндалот со набавката на...

ЌЕ СЛЕДИ ИТНА ИСТРАГА: Чулев најави иcтрага околу ckaндалот со набавката на патни исправи

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави итна истрага околу скaндалот со набавката за патни исправи, со кои нeзаконски се отуѓени скоро 20 милиони евра од буџетот.

Во однос на пишувањата на одредени медиуми за нeзаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана, порача министерот Чулев.