дома Русија ЌЕ ТЕЧАТ РЕКИ ЦРВЕНИ КАКО КРВ: Библиска слика во далечниот Сибир откако...

ЌЕ ТЕЧАТ РЕКИ ЦРВЕНИ КАКО КРВ: Библиска слика во далечниот Сибир откако реката ја смени бојата во црвена!

Жителите на Сибирскиот град Норилск биле вчудоневидени од бојата на локалната река Далдикан, која одеднаш ја сменила бојата во црвена

Необичната појава се случила поради исфрлање на индустриски отпад од леарниците во сопственост на „Норлиск Никел“, иако од компанијата ги отфрлаат обвинувањата, според соопштението на Руското министерство за природни ресурси и животна околина.

Како и да е, раководството на фабриката одлучило времено да го успори производството и исфрлањето на отпад додека не се открие точната причина за загадувањето.

Реката не е поврзана со водоснабдувачкиот систем, па од градската администрација на градот Норилск соопштиле дека водата е безбедна за пиење.