дома Македонија Ќе pacтат цените на мacлото и лебот

Ќе pacтат цените на мacлото и лебот

Ќе скокнат цените на лебот и маслото за јадење. Граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања, пренесува Фактор.

Сега има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи. Цените на сончогледот на светските берзи исто така брзо растат и од компаниите кои се занимаваат со производство на масло, веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија. Дел од пекарниците веќе ги зголемиле цените на лебот и белите печива, а дел тоа ќе го сторат во наредниот период. Пекарниците во внатрешноста на земјата уште се со старите цени, и велат дека лебот ќе поскапе за 2 или 3 денари. Објаснуваат дека целокупниот амбиент со поскапување на брашното, горивата, и ред други работи, водат кон тоа и тие да ги зголемат цените на производите. Сето ова ќе ги „удри“ по џеб граѓаните, кои ќе мора да одвојат повеќе пари месечно за задоволување на потребите.

„Порастот на просечното ниво на цени е резултат на експанзивната монетарна и фискална политика, насочени кон задржување на економскиот раст и вработеноста во услови на криза. За разлика од цените кои имаат тенденција на раст, нивото на плати и натаму останува исто. Во вакви околности, со оглед на тоа што ценовната еластичност на побарувачката за есенцијални добра, како што се лебот и маслото за јадење, е мала, порастот на цените на овие производи неминовно води кон зголемување на нееднаквоста во распределбата на доходот и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Порастот на цените есенцијалните добра највеќе ги засега најсиромашните слоеви на населението и ранливите групи на граѓани. Оттука, макроекономските политики на државата треба да бидат насочени токму кон заштита на овие категории на лица, со цел подобрување на целокупното ниво на животен стандард и квалитет на живот во земјава“, вели м-р. Мартин Новески, претседател на Здружение на економисти, статистичарии економетричари СИГМА СТАТ Скопје.

Извор: Фактор