дома Социјални Мрежи Џамбаски гнeвен: Вучиќ е претставен како голем ослободител за македонскиот народ, класичен...

Џамбаски гнeвен: Вучиќ е претставен како голем ослободител за македонскиот народ, класичен пример за српско влијание и пропаганда

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вчерашната средба на премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ при доставата на вакцините ја нарече „класичен пример за српско влијание и пропаганда“ во Скопје.

„Вучиќ се појави на Свети Трифун во Табановце и ги донесе првите вакцини за Македонците“. Српскиот претседател Александар Вучиќ е претставен како голем ослободител за македонскиот народ. Мислите дека култот кон личноста исчезна во овие географски широчини. Не, не сте во право. Не во Северна Македонија, каде што Вучиќ е опишан како „лидерот од Белград“. А Бугарија, Грција и ЕУ се „лошите момци“ во сликата. Можеме само да сонуваме за овој тип на написи за Бугарија да се појават во Македонија во моментов. Затоа што таму сè уште се пишува за нас како „фашистички окупатор“. И така е повеќе од 70 години“, напиша Џамбаски на својот Фејсбук профил.

Македонија вчера ги доби вакцините од Србија. Вучиќ испрати пораки за пријателство, добрососедство и соработка, ЗАев додаде дека Србија е наш голем пријател.