дома Балкан Џамбаски: Македонски политичар кој имал антибугарска реторика ќе остане без Пасошот и...

Џамбаски: Македонски политичар кој имал антибугарска реторика ќе остане без Пасошот и „сведителството“

Во Бугарија има иницијатива да се одзема државјанство на оние македонски граѓани кои земале бугарски пасоши.

Заменик-претседателот на ВМРО, Ангел Џамбаски, ќе поднесе предлог до владата како да им се дава  бугарско државјанство на граѓаните на Северна Македонија, но и како да им се одзема на тие што водат во антибугарската реторика и „го оцрнуваат името на Бугарија“.  Тој зборува за македонски политичар, но не спомена име.

„Наредните денови ќе му испратам барање на претседателот да му се одземе бугарското државјанство на еден од најжестоките граѓани на Република Бугарија, со најжестоки антибугарски изјави. Човек за кој ние од организацијата бевме сведоци како ласкаше на панихидата на Тодор Александров, какви работи рече, што рече во Скопје и кога го поканив тука во Брисел. А, и присуствуваше на нашите настани, каков Бугарин беше“.Сега постојано плука по Бугарија, и јас ќе го замолам претседателот ова државјанство да му биде одземено, поништено. И веруваме дека во иднина секој што дозволува таква политика ќе биде лишен од бугарско државјанство затоа што тој не го заслужува тоа“, изјавил Џамбаски.

Најави и предлог за закон со еднократен ефект, со кој ќе се вра ти државјанството на сите наследници на поданиците на Кралството Бугарија од 9.9.1944 година или до референдумот, кога Бугарија станала комунистичка република.