Џамбаски „удpи“ по словенскиот претседател поради поддршката за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ја критикуваше изјавата на словенечкиот претседател Борут Пахор дека Северна Македонија направила се што може, а уште повеќе на патот кон ЕУ, а за возврат не добила ништо. Тој вели дека во Европа не гледаат или не сакаат да видат за што предупредува Софија – дека Скопје не ги почитува правата на своите граѓани.
Пахор ова го изјави на стратешкиот форум Блед, истовремено изразувајќи поддршка за Скопје.
Во објавата на Фејсбук, Џамбаски прашува зошто Бугарија продолжува да регистрира вандалски напади врз бугарските симболи во Македонија, а македонските Бугари се под притисок, и го прашува Пахора дали разбира што го чека Брисел доколку Македонија се покаже дека е „тројански коњ“ во ЕУ.

„Сакам да ги известам Пахор и неговите истомисленици кои, доаѓајќи во Скопје или примајќи ја политичката елита во Скопје, даваат изјави што се обид да им се допадне. Бугарија направи сѐ, дури и повеќе од тоа, за да покаже што се крие зад насмевките на премиерите на Македонија и „проевропската“ Македонија. А ти – или не го гледаш или не сакаш да го видиш“, напиша Џамбаски во објавата со која стави хаштаг – Македонија е Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This