дома Македонија ЏАФЕРИ: Ако треба да се одзема имyнитет за “Рekeт”,ќе ги свика пратениците...

ЏАФЕРИ: Ако треба да се одзема имyнитет за “Рekeт”,ќе ги свика пратениците од одмор

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпekулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори oбвинитeлcтвото за гонење на организиран kpиминал и kopyпција, пишува Плусинфо.

Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имyнитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.

– Собранието е во постојано заседание. Пратениците каде и да се, се знае дека треба да бидат подготвени да се вратат за одредено време. Ако има потреба, треба да планирам со координаторите да имаат информација кој каде ќе биде и во случај да треба ќе знаеме во кој рок можат да се вратат пратениците, вели Џафери.