Џафери им го вpaти барањето нa ВМРО-ДПМНЕ за анкeтнa кoмисиja зa Тетово, билo нeypeднo

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доставената Предлог-одлука за основање Анкетна комисија за утврдување на факти и одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово од 21 септември не е во согласност со Амандманот XXXIII од Уставот на Република Македонија и ви се враќа како неуредна, се наведува во одговорот потпишан од спикерот Талат Џафери на поднесената Предлог-одлука од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Истата, се наведува во одговорот, треба да се усогласи во рок од 15 дена.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски претходно денеска на прес-конференција рече дека добиле неофицијална информација дека собраниското мнозинство ја одбива Предлог-одлуката за формирање на Анкетна комисија.

– Сметаме дека со ваквиот потег, парламентарното мнозинство не сака да се расчисти овој случај и не сака да добијат одговор прашањата кој ја носи политичката и кривичната одговорност за оваа трагедија која чинеше 14 човечки животи. Сметаме дека г-динот Зоран Заев се уште тактизира за да го заштити министерот Филипче, а пратеничкото мнозинство СДСМ – ДУИ за да ги заштити и надлежните во Општина Тетово и во клиничката болница во Тетово, рече Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This