дома Актуелно Џафери: Караџовски потпишa рeшение за зapaзените пратеници да дојдат во собранието

Џафери: Караџовски потпишa рeшение за зapaзените пратеници да дојдат во собранието

На 18 добив решение на моето барање дека може и позитивни пратеници да дојдат на работа. Решението е потпишано од Комисија за заразни болести односно Д-р. Жарко Караџовски. Останувам на тоа дека не е направен никаков прекршок со доаѓањето на двајцата пратеници во скафандер во Собранието. Пратеникот не одговара кривично за зборување во Собранието и за учество во Собранието, тоа е Уставна категорија. Од таму пратеникот не може да биде попречен во работењето, па дури и да е прогласена воена состојба, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

-Добив акт за процедурата во посебни простории. Суспекните лица односно пратеници доколку чувствуваат дека се во можност да дојдат Собранието, можат да го направат тоа доколку им обезбедат услови. Тое значи да дојдат со свое возило илу службено возачот да биде целосно заштите, потоа пратеникот се доведува во Собранието, од таму по посебна патека без контакт со никого доаѓа во посебна просторија која потоа ќе се дезинфицира. Опозицијата тогаш не одеше на комисии и не знаеа дека има дополнување на протоколот, рече Џафери.

Претседателот на Собранието рече дека поднел и барање да се изгласа алтернативно работење на заболените пратеници од дома односно онлајн, но опозицијата го отфрлила ова барање.