дома Актуелно Џафери наредил утре да се собере Собранието за да се избере претседател?

Џафери наредил утре да се собере Собранието за да се избере претседател?

Дадов насоки да се подготви продолжување на конститутивната седница за утре за да се избере претседател на Собранието, вели за тв 24 претседавачот на собраниската седница Талат Џафери.

– Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница – изјави за тв 24 Џафери.

Службите попладнево добиле известување да бидат подготвени за утре попладне, затоа што би можела да продолжи конститутивната седница со преостанатите две точки од дневниот ред, избор на Комисија за избори и именувања и претседател на Собрание.

Сепак, истите извори тврдат дека за сега е нејасно дали е постигнат договор меѓу СДСМ , ДУИ или други партии за претседател на Собранието со оглед на тоа дека во текот на денот од ДУИ брифираа дека Заев ја нема нивната поддршка за состав на новата Влада.

Денес пак, во текот на денот, Претседателот на државата Стево Пендаровски најави дека утре во 12 часот ќе и го додели мандатот за формирање на новата Влада на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Во меѓувреме, тој претходно изјави дека мандатот за формирање на Влада ќе го добие партијата што обезбеди 61 пратеник во Собранието