дома Македонија Џафери се брани: Не го пpekpшил Уставот, го користел своето природно право...

Џафери се брани: Не го пpekpшил Уставот, го користел своето природно право да го користи мајчиниот јазик

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека не го прекршил Уставот со обраќањето на албански јазик на Комитетот за надворешни работи во Брисел во рамки на Самитот „Европски парламент – Западен Балкан“.

-Го користев моето природно право, вродено како и на секој човек во земјава. На било кој јазик да зборував јас го претставував Собранието на Македонија во најдбро можно светло, изјави Џафери на ТВ 24.

Тој тврди дека Уставот е флексибилен и не попречува и ограничува користење на природно право, како што, според него, е и користење на мајчиниот јазик на меѓународно ниво.

-Јас таму го претставував Собранието и државата, рече Џафери, додавајќи дека неговото право е да го користи јазикот што го знае најдобро.