дома Здравје Џем од киви – слатко кисело есенско задоволство

Џем од киви – слатко кисело есенско задоволство

Трудот кој се вложува сепак се исплатува на крајот, кога ќе си намачкате топло ајварче на свежо лепче.

Овојпат е време за нешто слатко – џем од киви, кој се подготвува лесно и едноставно, погоден за правење дури и во вашиот дом.

Состојки:
1 kg киви
600 g шеќер
малку лимонов сок и рендана кора од лимон
1 кесичка желатин или џем фикс

Начин на подготовка:
Излупете го кивито и добро измијте го.

Исечкајте го на ситни коцки и истурете го шеќерот, во кој сте го додале желатинот, малку сок од лимон и рендана кора од лимон (по желба).

Варете во поголем сад, на средна топлина, мешајќи нежно, додека не се појави сок и не се раствори целосно шеќерот.

Особено е важно да го варите џемот на пониска температура. Овошјето треба да стане стаклесто и да ја задржи специфичната зелена боја. Белата пена која ја испушта за време на варењето внимателно собирајте ја со лажица и исфрлете ја од садот.

Доколку сакате во џемот да се чувствуваат покрупни парчиња овошје, ова е крајот на рецептот.

Во спротивно, ако преферирате мазна структура на џемот, со помош на рачен блендер, блендирајте ја смесата додека не стане кашеста и мазна.

Префрелете го џемот во топли стерилизирани тегли и наместете ги обратно, со капачето надолу. Оставете ги добро да се оладат на овој начин.