дома Uncategorized Џенет Џексон меѓу познатите рокери на дoделувањето на најважното рок-признание во светот

Џенет Џексон меѓу познатите рокери на дoделувањето на најважното рок-признание во светот

На церемонијата на дoделувањето на најважното рок-признание во светот конечно ќе учествува и Џенет Џексон, на која тоа не ѝ успеваше повеќе години.

Конечната листа на музичари кои биле во изборот официјално е соопштена во раните утрински часови во четвртокот, 13 декември, а за првпат во историјата во изборот на музичари учествуваше и публиката со гласање. Во изборот се најдоа 25 кандидати, со повеќе од 25 години музичко искуство.

Церемонија на дoделувањето на најважното рок-признание во светот ќе се одржи на 29 март 2019 година во Баркли центарот во Њујорк, а освен на групата „Кјур”, чест ќе им биде оддадена и на групите „Рејдиохед”, „Рокси мјузик” (вклучувајќи го Брајан Ен) „Деф Лепард“, „Зомби“, како и на пејачките Џенет Џексон и Стиви Никс.

Иако американската пејачка Стиви Никс, всушност, веќе беше во салата на славните како дел од „Флитвуд Мек”, ова е нејзин голем успех како соло пејачка.

„Друштво, успеавме – напиша Џенет, која неколкупати беше номинирана во минатото, но дури сега ѝ успеа.

„Ви благодарам за вашата љубов и поддршка”, додаде таа на „Твитер“.

We did it u guys 💜 Thank U for all your love and support. #RockHall2019 pic.twitter.com/1APrRJdmTv

— Janet Jackson (@JanetJackson) December 13, 2018

Во 1987 година Арета Френклин беше првата жена во „Рокенрол-куќата на славните“.

Извор:актуелно24