Џеф Безос инвестира во компанија која се обидува да го запре стареењето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот и основач на Амазон, Џеф Безос, инвестираше во „Алтос Лабс“, стартап компанија која се обидува да најде начин да го запре процесот на стареење.

Компанијата е основана оваа година и се обидува да добие угледни научници со платите што ги нуди, а тие достигнуваат и до милион долари. Исто така, компанијата им ветува на научниците дека ќе можат да спроведат сопствено истражување за тоа како клетките стареат и како може да се промени процесот, објави „MIT Technology Review“, списание на еден од најпрестижните американски универзитети, МИТ.

Меѓу инвеститорите во таа компанија е Џеф Безос, наведува списанието, повикувајќи се на извори блиски до „Алтос лабс“, пренесува „Њујорк пост“, кои не добиле одговори на прашања упатени до „Безос експедишнс“, компанијата на милијардерот.

Безос во моментов е „тежок“ околу 201 милијарда долари и е најбогатиот човек во светот.

Претходно тој инвестираше во слични истражувања, а позната е неговата инвестиција во компанијата „Unity Biotechnology“, која исто така ја истражува можноста за спречување на стареењето.

Безос ја напушти својата главна позиција во Амазон во јули, откако претходно изјави дека сака да се посвети на добротворни цели и „проекти за кои чувствува страст“, ​​како што е неговата вселенска компанија за патување во вселената „Blue Origin“.

„Алтос Лабс“ е основана во Делавер и досега има собрано околу 270 милиони долари инвестиции. Меѓу инвеститорите, според списанието МИТ, е и Јуриј Милнер, милијардер кој заработил богатство инвестирајќи во Фејсбук и други технолошки компании.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This