дома Македонија ЏОЛЕВ ЗАГРИЖЕН ЗА РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО: Се теши на ракомет во Германија

ЏОЛЕВ ЗАГРИЖЕН ЗА РЕФОРМИТЕ ВО СУДСТВОТО: Се теши на ракомет во Германија

Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Иван Џолев видно загрижен за закочените реформи во судство, се теши на ракометарските терени во Германија. Имено Џолев е забележан на трибините во Олимпијахале во Минхен како навива за македонската репрезентација, но нејасно е дали навива за Северна или Република Македонија.

Џолев ќе остане запаметен по скандалот со назначувањето на доскорешна дактилографка за работа со АКМИС системот за распределба на предметите. Тоа значи дека таа е одговорна за доделување на предметите на судии односно работа со системот кој до сега донесе многу проблеми во овој суд. Откако тој стана претседател АКМИС-от заглави на Кацарска.