дома КОВИД-19 (Коронавирус) „Џонсон и Џонсон“ следната недела ќе ја претстави својата вakцина: Ќе се...

„Џонсон и Џонсон“ следната недела ќе ја претстави својата вakцина: Ќе се прима во само една доза

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ следната недела треба да ги соопшти резултатите од третата фаза на тестирањето на нивната вакцина против корона вирусот.

Koмпанијата наведува дека резултатите ќе бидат сеопфатни и многу инклузивни во однос на опфатот на различните групи засновани на етничката припадност, возраста, географското поднебје, вклучувајќи ги Афроамериканците, Латиноамериканците и старите лица. Можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриена позаразната мутација на вирусот.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.

За разлика од другите вакцини лиценцирани во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози во период од три до четири недели, туку само во една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.