Се поголема е неизвесноста на кој начин ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за меѓусебните односи и дали е можен нов конфликт поради неодамнешните инциденти.
Претходно Харадинај истакна дека трпението на Приштина кон српските власти нема да трае вечно, што на многу остар и ладен начин беше одговор на тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ за состојбата во Митровица.
Џуриќ со чие брутално апсење од страна на косовските вооружени сили започна целата криза, смета дека во Приштина се подготвуваат за војна и за целосно преземање на територијата од косовските Срби.
Засега, претседателот Вучиќ одбива да ја мобилизира српската војска, но подготвеноста е зголемена, а најавени се и нови воени вежби.