дома Свет Џeф Бeзoс пaднa од трoнoт на нaјбогатиот чoвeк на свeтoт oткaкo зa...

Џeф Бeзoс пaднa од трoнoт на нaјбогатиот чoвeк на свeтoт oткaкo зa сaмo eдeн дeн зaгуби 14 милиjapди дoлaри

Џеф Безос повеќе не е најбогатиот човек на светот, откако само за еден ден загуби речиси 14 милијарди долари, а на првото место на најбогатите сега се искачи францускиот магнат Бернар Арно.

Арно поседува 47 проценти од акциите на компанијата која ги обединува брендовите како „Луј Витон“, „Моет & Чандон“, „Кристијан Диор“, „Тифани и Ко“.

Арно и Безос се менуваа на првото место во мај и јуни, но основачот на „Амазон“ седеше на престолот во последните 50 дена.

Французинот го зголеми своето богатство за повеќе од 100 милијарди долари во текот на минатата пандемиска година, но неговиот конгломерат стагнираше со деловни резултати оваа година, особено од почетокот на летото.

Иако акциите на „Амазон“ загубија вредност, компанијата не забележа лоши резултати, само не толку добри како што се надеваа акционерите.

Американскиот гигант пријави 113 милијарди приходи, што претставува зголемување од 27 проценти во однос на истиот период минатата година, како и 7,8 милијарди нето добивка.

Сепак, Амазон предвидува дека приходите во третиот квартал ќе бидат помеѓу 106 и 112 милијарди, што е под претходните очекувања од 119 милијарди долари.

Падот на акциите на „Амазон“ влијаеше и врз богатството на поранешната сопруга на Безос, Мекензи Скот, која доби дел од акциите во компанијата по разводот. Таа загуби 4,6 милијарди, па сега нејзиното лично богатство се проценува на 56 милијарди долари.