дома Образование 10 ученици и пет наставници зapaзени со kopoнавирусот во основните и средните...

10 ученици и пет наставници зapaзени со kopoнавирусот во основните и средните училишта во Велес

-Во основните и средните училишта во Велес има вкупно 10 ученици позитивни на коронавирусот, а 42 се во изолација. Позитивни на ковид се пет наставници и еден е во изолација.
Од тоа кај основците заразени се три ученици и 24 се во изолација, а кај средношколците се седум и 18 ученици се во изолација.
Во основните училишта во Велес има еден позитивен наставник и еден е во изолација, а од средните училишта четворица наставници се позитивни на коронавирусот.
Од техничките служби има заразени четворица од кои еден во основно училиште, еден е од средношколскиот дом и двајца кои работат во детските градинки „Димче Мирчев“.
Инаку во велешките градинки моментално нема заразени деца, воспитувачки и негувателки.