дома Балкан 10.000 мигpaнти чекаат на границата со Хрватска

10.000 мигpaнти чекаат на границата со Хрватска

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека годинава притисокот на мигрантите на хрватската граница од БиХ е за 20 проценти поголем.

Тој рече дека има околу 10.000 мигранти на подрачјето на Унско-санскиот кантон во БиХ.

„Како и секогаш, хрватската полиција е на висина на задачата, спречува нелегална миграција и многу би ни помогнало ако Босна и Херцеговина го контролира нивното влегување на нејзината територија, затоа што тогаш ќе им биде полесно на жителите на Унско-санскиот кантон и на другите делови на БиХ, а со тоа и на Хрватска“, заклучи министерот Божиновиќ, јави загрепската телевизија Н1.