дома Актуелно 10.25% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ: Платите во администрацијата и пензиите реално...

10.25% ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ: Платите во администрацијата и пензиите реално ќе се зголемат за 10.25%

Програмата со која ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на претстојните предвремени парламентарни избори се вика „Реално“. Програмата е детално попишана на 500 страници која содржи проекти кои се реално остварливи, порача лидерот на партијата Никола Груевски.

Во програмата е предвидено зголемување на пензиите и платите во јавниот сектор.

-За подобрување на стандардот на населението предвидуваме зголемување на платите во јавниот сектор за вкупно 10,25%, во јануари 2018 и во јануари 2020 година, по 5%. Пензиите ќе се зголемат за вкупно 10,25%,и тоа во септември 2018 година и во септември 2020 година, по 5%, рече Груевски.

Тој рече дека тоа е нивната програма, која е убедливо најобемната и најдобра досега, која во себе содржи над 500 страници на проекти и прецизни роковии буџети. Едноставно, додаде тој, ова е програма за сите оние Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати кои сакаат да живеат во унитарна и суверена Македонија, а не во држава со кантони, федерални единки.