100 ИЛЈАДИ АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ ГО НАПРАВИЈА СТЕВО ПРЕТСЕДАТЕЛ: Пендаровски претседател, ДУИ победник?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

100 илјади гласачите на ДУИ го направија Пендаровски нов шеф на државата. Без нас не ја бива работата, избравме и премиер, и спикер – интегративците веднаш по затворањето на гласачките кутии се пофалија дека обезбедиле гласови за победа на СДСМ.

Премиерот пак се правда – сите граѓани одлучиле за демократско општество, ама им порача за коалиционите партнери да не си ја препишуваат заслугата за изборните резултати.

Лидерот на интегративците Ахмети пак синоќа не се ни појави на заедничката прес конференција за да му честита на консензуалниот кандидат за победата.

-Според неофицијалните информации обезбедени се од 100 до 130 илјади гласови на Албанците за победата на Пендаровски. Идниот претседател треба да ја има во предвид волјата на сите граѓани и да биде дел од процесите за зачленување на земјата во НАТО и ЕУ, вели Ахмети.
Големата слика за победата на ДУИ и на претседателските избори, прв ја сподели десната рака на Ахмети, Артан Груби со статус на социјалните мрежи дека неговата партија е заслужна за изборот на претседател на државата и Собранието, но и за изборот на премиер.

„Али Ахмети и ДУИ избраа претседател на Собрание. Али Ахмети и ДУИ избраа премиер. Али Ахмети и ДУИ избраа претседател на државата. Без Али Ахмети и ДУИ не ја бива работата. Победници“, напиша Груби.

Дека албанските гласови беа одлучувачки за Пендаровски, говорат и официјалните резултати според кои најголемата разлика е во Боговиње, Желино, Врапчиште, Дебар, Сарај, Чаир,…
Во скопските општини Студеничани и Сарај разликата е во 4000 и 7,700 гласови предност за Пендаровски. Најизразено е во Желино каде дури 96% од гласовите завршиле на контото на консензуланиот кандидат. Во градовите од западна македонија, Тетово, Гостивар, Дебар и Струга бројката на гласови во корист на Стево Пендаровски се движи од 6500 до 12 или во просек од 65-89% од запишаните гласачи. Слична е сликата и Во Боговиње каде предноста е околу 4.400 гласачи. Арачиновци во дури 93% гласале за Пендаровски.

Новиот македонски претседател не ја доби довербата на гласачите во Сопиште, Македонски Брод, Дебарца, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Илинден, Петровец, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид, Гевгелија, Велес, Штип…

Споредбено со првиот круг на гласање Пендаровски освои 322.581 глас, а Сиљановска 318.341 глас. На вториот круг пак на контото на сега консензуалниот претседател се слеаја 436,212, а за кандидатот на опозицијата 377,713 гласа.

Ваквиот резултат покажува дека за владината коалиција гласале 113, 631 повеќе граѓани во вториот круг, што само ја потврдува тезата на интегративците, дека тие му ја донеле победата на Стево Пендаровски и го направија петтиот шеф на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This