дома Македонија 11 ГОДИШНАТА МИЛА ОД МАКЕДОНСКИ БРОД ГИ ОСВОИ РУСИТЕ: Ова девојче пее македонски...

11 ГОДИШНАТА МИЛА ОД МАКЕДОНСКИ БРОД ГИ ОСВОИ РУСИТЕ: Ова девојче пее македонски народни песни со огромна емоција и остава без здив

Пеењето на 11-годишната Мила Пеовска од Македонски Брод многумина го нарекуваат „совршено“. Ова девојче пее македонски народни песни со огромна емоција, а луѓето што ја слушаат велат дека ги остава без здив.

На интернет неодамна се појави снимка од пред три години од Интернационалниот етно-фестивал во Воронеж, Русија. На снимката Мила има само 8 години и ја пее „Ој Јано, Јано“.