дома Македонија ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА РОСОМАН: Во државата , во секое место...

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ ВО ПОСЕТА НА РОСОМАН: Во државата , во секое место е иста слика, тага, јад и чемер

Утринава во теренска посета на Општина Росоман беше тим од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предводен од Орце Ѓорѓиевски и Цветан Трипуновски

-Со денови одиме низ десетици населени места во државата и секаде иста слика, тага, јад и чемер. Граѓаните живеат во несигурност, СДСМ не нуди подобар живот, туку смрт, секојдневно убиства, запалени автомобили, грабежи, државата има нарушена безбедносна состојба, вели Ѓоргиевски.

Тој вели дека откако СДСМ е на власт полицијата не им служи на граѓаните, туку на криминалот. Се прави криминал, од најситен до најсофистициран, гледаме како државни милионски тендери добиваат фирми на луѓе блиски до власта, лиценци за извршување дејности од кои зависи добивање на јавна исправа ново формирани фирми, и уште еден куп други апсурди.

Додека ја разграбуваат државата, ги злоупотребуваат и европските вредности, под превезот на ЕУ и НАТО интеграција прават страшен криминал, но и ја злоупотребуваат нашата стратешка ориентација како држава за покривање на штетниот договор. Немаат аргументи за клучните прашања. Се зборува за се, само за суштината не. Со овој договор се губи идентитетот, историјата и културата. Ќе се гласаат Уставни амандмани кои никој не знае што ќе содржат. И згора на се Заев бега од дебата, бега затоа што нема одговор на суштинските прашања, кажа Ѓоргиевски.