дома Македонија 12 ОД 33 ОБВИHETИ ПОБАРАЛЕ AMHЕСТИЈА ЗА 27-МИ: Јане Ченто и Игор...

12 ОД 33 ОБВИHETИ ПОБАРАЛЕ AMHЕСТИЈА ЗА 27-МИ: Јане Ченто и Игор Југ нема да бараат амнестија

Дванаесет од вкупно 33 обвинети за упадот во Собранието на 27 април минатата година до утрово поднеле барања за амнестија, потврдија од кривичниот суд, пренесува Макфакс.

Рокот за поднесување барања за амнестија од страна на обвинетите за крвавиот четврток истекува утре. Дека ќе бараат амнестија досега кажаа пратеникот Крсто Мукоски, Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски, а најверојатно и пратеникот Сашо Василевски и Александар Василевски Нинџа. Јане Ченто и Игор Југ, пак, кажаа дека нема да бараат амнестија.

Законот за амнестија стапи на сила на 20 декември откако беше објавен во „Службен весник“, а претходно го потпиша претседателот Ѓорге Иванов. Законот беше изгласан во Собранието на 18 овој месец со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“.