13 милиони во kapантин: Кина затвори цел град поради ширењето на ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинеските власти во средата воведоа карантин во 13-милионскиот град Ксиан, поради острото ширење на Covid-19, четиресетина денови пред почетокот на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Кина од минатата 2020 година ја спроведува својата стратегија „нулта стапка на коронавирусот“ во рамките на којшто се преземаат сите мерки за во најголема можна мерка се да ограничи појавата на новите случаи на заразата, коишто ги има само неколку десетици на ден.

Иако оваа бројка се чини смешно ниска во однос на дневните податоци од другите делови на светот, таа ги принудува кинеските власти на двојно поголема претпазливост поради наближувањето на Зимските олимписки игри кои започнуваат на 4-ти февруари. Пекинг, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2008 година, ќе биде првиот град во историјата во кој ќе се одржи и зимската олимпијада.

На околу 900 километри од Олимпиското село, во северниот град Ксиан, епидемијата остро се шири и во средата се пријавеи 52 пациенти заразени со коронавирусот.

За да се спречи натамошното ширење на заразата, жителите на градот од четвртокот на полноќ по локално време, или 17 часот по средноевропско време“, мора да „остануваат во своите домови, освен во случај на крајна потреба“, соопштиј градските власти. Едно лице од секое домаќинство може да излезе во набавка на продукти „секој втор ден“ се додава во објавата.

Сите компании коишто не се од клучна важноста за живеачката, освен трговските центри, продавниците во квартовите и медицинските институции, добиле наредба да бидат затворени. Во Ксиан веќе беше воведено значително ограничување на движењето, а од вторникот се следи движењето на жителитет. Дваесетина станбени населби превентивно се изолирани, а не е објавена бројката на лица кои се опфатени со мерката.

Пред објавувањето на информацијата за воведување на карантинот, жителите на Ксиан мораа од средата утрото да имаат дозвола за влегување во воз и за излегување од градот, објави јавната телевизија CCTV. Во прилогот на специјализираната мрежна страница VariFlight се наведува дека повеќе од 85 отсто од летивите за доаѓање и заминување од Ксиан се одложни.

Во Кина, каде што пред две години беа потврдени првите случаи на зараза со новиот коронавирус SARS-CoV-2, досега беше добро контролирана епидемијата. На почетокот од декември тамошните здравствени власти известија за првиот случај на зараза со омикрон варијантата на коронавирусот, којашто се смета за позаразна од претходните соеви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This