дома Македонија 14 ДИРЕКТОРИ ЌЕ „ЛЕТААТ“ ОД РАБОТА, УШТЕ 10 НАЈМАЛКУ ТРЕБА ДА ГИ...

14 ДИРЕКТОРИ ЌЕ „ЛЕТААТ“ ОД РАБОТА, УШТЕ 10 НАЈМАЛКУ ТРЕБА ДА ГИ ФАТИ „МЕТЛАТА“: Заев потврди дека веќе се спремни 14 разрешувања, уште најмалку 10 се очекуваат

Донесени се 14 одлуки за разрешувања од функции рамки на реконструкцијата, а уште најмалку десет треба да се донесат, соопшти премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Не е само да се разрешува, туку треба и да се разговара со потенцијални кандидати дали се нафаќаат на функцијата. Кога ќе ги завршиме овие разговори, ќе ги соопштиме одлуките, рече Заев.

Владата денеска има закажано седница, а смените ќе ги разгледува и на наредната седница идната недела.