дома Македонија 149 Авганистанци пристигнуваат во Скопје, Владата упати порака за топло добредојде, солидарност...

149 Авганистанци пристигнуваат во Скопје, Владата упати порака за топло добредојде, солидарност и поддршка

-Праќаме порака на топло добредојде, солидарност, и поддршка која спасува живот. Сите граѓани ќе добијат основен пакет поддршка, вода, маска, средство за дезинфекција, велат од Владата.
Црвениот крст ќе биде првиот контакт за граѓаните кои стигаат од Авганистан, брифираат од Владата.
Нагласуваат дека МВР ќе ги спорведе сите безбедносни проверки, а Министерството за здравство ќе обезбеди ПЦР тест и можност за вакцина.
-Кажуваме добредојде на граѓани кои се спасуваат од налетот на радикализмот, кажуваме добредојде на народ кој 20 години ги бранеше мирот и демкоратијата во Авганиста, порачуваат од Владата.
Според информациите од Владата вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации