дома Македонија 15-тина дена за ново мнозинство дава еден од творците на македонскиот Устав,...

15-тина дена за ново мнозинство дава еден од творците на македонскиот Устав, потоа избори

Ако во рок од 10-15 дена не се создаде мнозинство, тогаш единствена опција се парламентарни избори, вели за Фокус експертот по уставно право.

Моменталната ситуација во Собранието, каде двете политички групации имаат по 60 пратеници, значи дека парламентот е неквалификуван и неспособен да ги врши неговите уставни функции, вели за Фокус пензионираниот универзитетски професор Владо Поповски, кој е еден од творците на македонскиот Устав. Според него, ваквата состојба мора да се надмине што поскоро.

Ваквата нерешена ситуација не може да се толерира подолго време. Таа мора да се реши со создавање на парламентарно мнозинство, а доколку тоа не е можно, неминовни се предвремени парламентарни избори, за што треба да се самораспушти собранието – посочува Поповски.

Извор: Фокус