дома Македонија ПЕШЕВСКА ДО ВЛАСТА: Знаете ли што значи во 5 часот наутро да...

ПЕШЕВСКА ДО ВЛАСТА: Знаете ли што значи во 5 часот наутро да ве притвораат пред вашите деца?

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на денешната седница за одземање на имунитетот на пратеникот Љупчо Димовски, се потсети на деновите кога таа беше приведена и кога се гласаше за нејзино одземање на пратеничкиот имунитет, и посака тоа никому да не му се случи.

„Павле на добар пат сте да станете судија. Кога јас бев приведена и кога се зборуваше за одземање на мојот имунитет, не бев присутна, седницата ја гледав од дома затоа што бев принудена. Сега од тука гледам колку е сево ова неколегијално.

Дали знаете што значи во 5 часот наутро да ве разбудат и да ве притворат пред своите деца? Во тој момент одземањето на пратеничкиот имунитетот е последно на кое размислувате. Верувајте колеги, никому не му посакувам да го доживее тој момент.

За колегата Димовски, тој не избега кога беше обвинет за поголемо дело, зошто сега би бегал“, истакна Пешевска.