дома Свет 18-гoдишeн Индoнeзиeц пpeживea двe нeдeли нa мope пo бpoдoлoм, шecт лицa ги...

18-гoдишeн Индoнeзиeц пpeживea двe нeдeли нa мope пo бpoдoлoм, шecт лицa ги зaгy6иja живoтитe

Индонезиец преживеал на отворено море околу две седмици, држејќи се за даска, откако неговиот рибарски брод се судрил со друг, поголем брод. Притоа, неговите шестмина пријатели се удавиле.

Како што соопштија властите денеска, Мухамед Картојо (18) пловел заедно со уште шестмина други рибари покрај Бали, кога нивниот брод бил уништен од ферибот. Момчето било спасено од рибари во вторникот, во водите покрај островот Сулавеси.

-Тие пловеле една седмица држејќи се за она што останало од бродот, но Картојо рече дека, еден по еден, другите луѓе се удавиле. Картојо не се сеќаваше точно кога се случила несреќата, но се верува дека тоа било на 9 март, изјави Крисна Махарта, гласноговорник на Агенцијата за спасување и претрага на островот Бали.

Еден од погинатите рибари е пронајден, а другите петмина се уште се водат како исчезнати.