дома Занимливости 1914 година: Кој не се вакцинира, не добива леб

1914 година: Кој не се вакцинира, не добива леб

Корона вирусот го подели светот на вакцинирани и невакцинирани граѓани, а како времето одминува државите се повеќе воведуваат рестрикции во слободата на движењето на тие што не се имунизирани. Дека историјата се повторува, потврдува исечок од весник од далечна 1914 година од Србија.

Веста е објавена на 11 октомври , а во неа се вели дека е извршена задолжителна вакцинација на сите граѓани од 5 до 45 години старост, без оглед на пол, поради појава на тифус ! Општината Ќуприја со проглас ги предупреди сите граѓани дека мора да се вакцинираат и донесе одлука дека на ниту едно домаќинство нема да му се издава леб, доколку во куповната книшка нема печат од доктор дека членовите на тоа семејство се вакцинирани.