Поголемиот дел од јавноста се сеќава на епизодата од емисијата „Само вистина“ во која уредникот на Канал 5 телевизија јавно му се извинуваше на министерот за медиуми и пропаганда, Роберт Поповски за уредувачката политика пред СДСМ да дојдат на власт.
Ова умилкување во етер не беше доволно па така и водителката на иста емисија при гостувањето на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директно го праша во емисија го замоли да се рекламира на Канал 5 телевизија, на што Анѓушев „симпатично“ одговори дека постои можност.
За да љубовта се оконча и продлабочи, а и извинувањето конечно да биде материјализирано и овековечено Канал 5 го доби договорот за продуцирање и емитување на извелкувањето на наградната игра „Лото“ и „Џокер“ во висина од два милиони и шестотини илјади денери.